EN
logo

Агрегатор на  стандардни и иновативни услуги за паметни корисници

За насШто претставува assi?

Assi е македонска мобилна апликација, достапна на корисниците на iOS и Android платформа која може да се преземе од App или Google Play store, а истата е наменета да им обезбеди врвно корисничко искуство и помош во секојдневниот живот. Корисничкиот интерфејс е лесен за користење, а апликацијата е намената за сите возрасни групи, каде корисниците ќе имаат можност да уживаат во придобивките на оваа апликација 24 часа во денот, 365 дена во годината. Името Assi доаѓа од почетните четири букви на зборот assistant што во превод значи асистент. Преку оваа апликација ние сакаме да бидеме поблиску до корисниците односно да бидеме нивниот личен асистент, каде сите потреби во урбаниот секојдневен живот ќе им бидат достапни со само еден клик на нивниот мобилен уред.

Assi ќе содржи повеќе модули, кои за многу кратко време ќе бидат имплементирани, а во прво време ќе започеме со работа на модулот за лична заштита. Модулот за лична заштита се состои од SOS панично копче на мобилниот уред на корисникот. Со негово задржување од 3 секунди се вклучува аларм и предна камера на мобилниот телефон, почнува да ја снима случката или настанот, а истата се прикачува на сервер во мониторинг центарот која понатаму служи како доказ. Алармот заедно со видео записот стигнува во мониторинг центарот и на телефонот на патролната екипа која за најбрзо време пристигнува на локацијата на која се наоѓа корисникот со цел да му помогне, да биде заштитен и да се чуствува безбедно. Живееме во многу стресно, бурно и за жал небезбедно општество, со многу брз живот и често сме сведоци на несекојдневни случки и немили настани што се случуваат. Цврсто сме убедени и стоиме на тоа дека паничното копче ќе има широка примена и пожелно е секој граѓанин да го поседува, со тоа само ќе ја подигнеме свесноста и безбедноста на повисоко ниво.

Денес во една дигитална ера, ера на брза трансформација каде што 5G и вештачката интелегенција го достигнуваат својот зенит, мобилниот телефон не е само средство и потреба да останеме поврзани едни со други туку многу повеќе од тоа, се повеќе размислуваме и бараме смарт решенија како би си го поедноставиле животот, а преку Assi апликацијата тоа ќе биде овозможено на сите што сакаат, живеат и се чуствуваат смарт.

СоработкаСакаш да ја додадеме твојата услуга на нашата апликација? 

Сакаш да бидеш наш бренд амбасадор? 

Стапи во контакт со членовите на нашиот тим

Operations ManagerФилип Поповски

+389 77 77 11 64

временска рамкаНашите планови за развој

2025
App Launch

Лансирање на апликацијата ASSI за IOS и Android со услугата SOS Копче 

2025
Onboarding

Воведување на нови услуги 

2026
New Services

Воведување на наши приватни услуги покрај инкорпорирањето на веќе постоечки

Gui-iPhone

Симни ја апликацијата за iOS или Android

прати ни поракаТука сме да одговориме на сите твои прашања

Пополни го формуларот, прати ни мејл или пиши ни на инстаграм. Изборот е твој.

Нашата локација

ул. Гоце Николовски 66/ДП1,
1000 Скопје, РСМ

Email
Следи не на социјални мрежи

Контакт Формулар